Шок за македонската полиција: Охридски камп претворен во плантажа на марихуана

 

Охридската полиција во неделата пронашла 51 садници од растението Канабис сатива, во авто-кампот „Андон Дуков“ во Охрид. Во бунгалов во кампот биле затекнати и приведени 27 годишниот А.Н. и 19 годишниот М.П., двајцата од Охрид.

Оперативците на охридската полиција, го затекнале А.Н. додека ги вадел садниците. На терасата имало 31 импровизирани саксии со вкупно 38 растенија, а во близина на терасата биле пронајдени уште 4 саксии со 13 растенија.

 А.Н. и М.П.  си заработиле кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори.

04.06.2014 - 11:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега