Крвавите борби продолжуваат во Луганск - шест лица загинаа

Украинската војска денеска соопшти дека нејзините сили во Луганск, град на истокот на земјата, напуштиле еден контролен пункт бидејќи останале без муницијата по десетчасовните борби со проруските сили.

Во соопштението на Армијата се наведува дека во текот на овие борби загинале шестмина припадници на проруските сили, а биле ранети и тројца украински војници.

Борбите на истокот на Украина ескалираа по претседателските избори што се оддржаа на 25 мај, на кои победи магнатот Петро Порошенко.

 

04.06.2014 - 09:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега