ФОТО: Направил 10 операции за да изгледа како Кореец
25 годишниот Зијан, роден под името Макс, станал опседнат со неговиот изглед за време на неговиот едногодишен престој на студиите во Јужна Кореја, па посакал и да изгледа како Кореец.
- Ги ставав прстите на слепоочницата и ја повлекував кожата. Сакав да имам такви очи, вели Зијан.
Ова момче имало 10 операции за да го добие посакуваниот изглед, што го чинеле повеќе од 3000 долари, но сега навистина изгледа како роден Азиец
- Не се исплашив дека нешто може да тргне наопаку, само се грижев да не ми останат лузни и дека ќе изгледам пластично, но се испадна супер, вели сега косоокото момче.
Единствена работа по која се разликува од азијците е неговиот нос, а покрај операциите со кои му се накосиле очите, Зијан носи темни леќи за очи и ја фарба косата црна
-Без разлика на религијата на која припаѓа некоја личност, дали верувате во претходен живот или не, ние го имаме само овој живот и треба да бидеме она што го сакаме, изјавува Зијан на критиките.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа