Таткото и ветил силиконски гради ако ослабне 50 килограми - еве како таа сега изгледа

 

25 - годишната Џорџина Бард од Англија имала чуден мотив за да ја намали преголемата тежина. Нејзиниот татко и ветил дека ако ослабне ќе и плати вгарување силикони во градите. Висока само 155 сантиметри, а тежела 111 килограми. Сепак, со силна волја оваа мајка на три деца успеала да ја доведе својата линија во ред и сега тежи 50 килограми.

Ова беше прекрасен потег од мојот татко. Тој сакаше да бидам здрава и знаеше дека никогаш не успевам до крај да издржам со диетата, затоа ми понуди да ми плати операција на градите како награда за успешниот процес. Тоа ме мотивираше и не знам како да му заблагодарам“, вели Џорџина.

Нејзината борба со килограмите започнала кога таа имала 20 години и кога го родила вториот син, Оливер. По раѓањето на првиот син, Луис, таа се борела со постпородилна депресија, а тежината постојано се зголемувала. Секогаш носела конфекциски број 42, а после породувањето била се поголема и поголема. Иако сакала да намали 25 килограми кои ги добила во бременоста, благодарение на слатките работи и газираните пијалаци што ги консумирала таа се поправила 20 килограми.

„Влегов во еден магичен круг. Потоа и кога раскинав со таткото на моите две деца станав уште подепресивна. Личев на топка, целата тежина беше сконцентрирана во стомакот, па многумина мислеа дека пак сум бремена“, вели таа.

Тежината почнала да и прави и здравствени проблеми, па доктор и препорачал што побрзо да почне да слабее. Нејзиниот татко слушнал еден разговор со нејзините сестри додека таа се жалела како градите и прават проблем. Тоа тој го искористил како мотив, па и ветил на ќерка си дека ако успее да ја нормализира тежината ќе и плати за силиконски инпланти. 

Во 2010 година Џорџина се омажила во втор пат и родила трето дете. После породувањето почнала да трча и да вежба во теретана.

Својата идеална тежина и идеален конфекциски број го достигнала во 2013 година. Имала само 50 килограми. Како награда секако ја доби операцијата на градите.

04.06.2014 - 09:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега