Морав да ја убијам за да го задоволам Слендермен - две малолетнички го згрозија светот

Две 12-годишни девојчиња од американската сојузна држава Висконсин, се обвинети за обид за убиство на нивна другарка на иста возраст, јавуваат локалните медиуми. 

Девојчињата се обвинети како возрасни и доколку бидат прогласени за виновни, може да добијат затворска казна до 65 години.

Малолетничките редовно го следеле сајтот Creepypasta, на кој доминираат грозоморни случки. За да го задоволат нивниот виртуален лидер, кој себе си се нарекол Слендермен, тие требало да убијат една од нивните другарки. 

Според обвинителниот акт, една од малолетничките изјавила дека требало да убие некого за да ја покаже лојалноста кон Слендермен. 

Во саботата жртвата била поканета да ја мине ноќта кај една од двете обвинети. Тие потоа ја натерале да прошетаат во една шума, ја прободеле со нож 19 пати, од кои еден бил близу до артерија и потоа ја оставиле сметајќи дека е мртва. За среќа, оттаму случајно поминал велосипедист, кој го забележал девојчето и го однел во болница. 

Шефот на полицијата во градот Вокеша, каде што се случи трагедијата, Расел Џак на прес-конференција ги предупреди родителите за опасноста од Интернетот.

- Ова треба да биде предупредувачки сигнал за родителите, тие треба да го ограничуваат и контролиралаат користиењето на Интернет од страна на нивните деца, рече Џак. 

04.06.2014 - 08:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега