Џафери денеска на состанок на НАТО

 

 

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, денеска ќе учествува и ќе има свое обраќање на состанокот на министрите за одбрана на Северноатлантскиот совет на Алијансата со земјите кои не се дел од НАТО, а придонесуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан.

Тема на состанокот е безбедносната ситуација и процесот на транзиција во Авганистан, а ќе стане збор и за новата мисија на НАТО за менторирање по 2014 година, „Одлучна поддршка“.

Според најавите, на состанокот ќе присуствуваат и министерот за одбрана на Авганистан, Басмила Кан Мохамади, високиот претставник на ЕУ, Кетрин Ештон и специјалниот претставник на Генералниот секретар на ООН, Јан Кубиш. 

04.06.2014 - 08:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега