ФОТО: Марко и Ивана потрошиле 680.000 денари па им пропадна свадбата за 700 гости

Подготвувале огромна свадба за 700 луѓе, целосно ја реновирале куќата и се било спремно за бремената Ивана да дојде во новиот дом каде треба да живее со својот сопруг Марко. Но наместо тоа, тие пред една недела само се регистрираа кај матичар а од свадбата нема да им ништо. Овој млад брачен пар од Славонија е само еден од оние на кои им пропадна се што имаа во поплавите.
„Ја средив цела куќа. Купив нов мебел, ги избелив ѕидовите, купив целосно нова спална, креветче за бебе, количка и сите потребни работи кои младите ги купуваат кога на свет им доаѓа принова. Покрај тоа, неодамна бев на лов и отстрелав 2 диви свињи. Замрзнувачите ми беа полни со дивеч. Но поплавите си го сторија своето. Загубив некаде околу 85.000 куни (околу 680.000 денари)“ - вели Марко за хрватските медиуми.

Сепак, тој додава дека не му е жал, бидејќи против природата едноставно не се може.
“Тоа што ми е најважно е детето кое го очекуваме. А тоа, фала му на Бога е здраво и живо и нормално се развива. Тоа ни го потврдија и лекарите во неделата“ - вели Марко за хрватските медиуми

03.06.2014 - 23:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега