Штип: Полнач за мобилен телефон запали цел стан

Во штипската населба Сењак попладнево се случи пожар во гарсоњера во станбена зграда спроти спортската сала „Јордан Мијалков“.

Во пожарот нема повредени. Чадот кој излегувал од станот го виделе соседите, кои веднаш се јавиле во противпожарната единица и на брзата помош.

Огнот го зафатил креветот и постелнината, а очевидци велат дека станот бил спасен благодарение на брзата интервенција на пожарникарите.

 Според првичните информации пожарот е предизвикан од полнач на мобилен телефон. Командирот на ТППЕ-Штип, Кире Патраклиев апелира до сите граѓани да не ги оставаат вклучени овие апрати додека не се дома, за да не дојде до пожар.

- Осум пожарникари учествувавме во акцијата, а за да не се направи поголема штета пожарот не го гасневме со вода, туку со противпожарни апарати - вели Патраклиев.

Тој апелира граѓаните да внимаваат што им е вклучено во нивните домови, со цел да немаат штета, но и да нема опасност од поголеми катастрофи.

03.06.2014 - 22:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега