Гечевски: Пензија?!?! Ќе видиме

Најискусниот кошаркар во редовите на МЗТ Скопје, Тодор Гечевски изјави дека навистина му е драго што заедно со „металците“ освоил нова титула во домашниот шампионат.

„Среќен сум што повторно сме шампиони. Одигравме една тешка финална серија, која иако ја добивме со 3-1, максимално нѐ измори. Морам да ја пофалам навивачите и атмосферата која го направи ова финале феноменално. Досега, не сум видел во Македонија вакво навивање. Сега, за мене следи – одмор. Потоа ќе размислувам што ќе правам следната сезона“, изјави високиот центар.

03.06.2014 - 22:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега