Ужас во Скопје: Снимал порно со малолетничка па се фалел со видеото на Facebook

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Д.(36) од Скопје за сторени кривични дела „прикажување на порнографски материјал на дете“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Во период од 2012 до 2014 година во изнајмен стан во Скопје, во викендица во село Побожје, како и во хотел во Охрид и на локација во Кратово, откако снимил порнографски материјал со две малолетни лица од Скопје ги пуштил до сите пријатели преку фејсбук профилот на една од оштетените.

Од страна на судија на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. 

03.06.2014 - 22:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега