Хрватска, Србија и БиХ имаат потреба од средства за запрашување против комарци

Хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ изјави денеска во Виена дека на Хрватска, Србија и на БиХ им недостигаат средства за запрашување против комарци на поплавените подрачја и ја повика Европската унија да помогне во набавката за да се спречи епидемија на болести.

– Сега работиме на тоа државите членки да ни помогнат да најдеме средства, изјави Пусиќ и додаде дека се работи за 18.000 хектари во Хрватска, 40.000 хектари во Србија и 48.000 хекатори во БиХ поплавени подрачја.

Таа наведе дека се потребни и климатизирани контејнери за сместување луѓе, апарати за сушење поплавени куќи, електрични агрегати и полски болници.

– Ако има плус во овие несреќи, тоа е дека е мобилизирана солидарноста во регионот. Сега почнува нова фаза...со дефинирана институционална помош, додаде таа.

Конференцијата за Западен Балкан 1914-2014 во Виена се занимава со проширувањето на ЕУ, економската ситуација во државите од регионот и нивната европска перспектива

03.06.2014 - 20:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега