ФОТО: Дачиќ славеше 30 години од матура

Како што пишува српски Блиц, Ивица Дачиќ викендов прославил 30 години од матурата. Според пишувањата на порталот, на нивната средба не се зборувало за политиката туку за животот и се пеело.

Одделението на Дачиќ  во гимназијата „Стеван Сремац“, имало само шест момчиња. Три децении од матурата се славело во еден  од нишките ресторани.

-Некои од школските другари и пријатели ги немав видено овие 30 години. Секој отишол на своја страна. Некои останале во професијата. Убаво е да ги видиш луѓето за кои те врзува еден убав период од животот. И падна договор да се гледаме почесто- рекол Дачиќ.

03.06.2014 - 19:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега