Вознемирувачко видео: Во Украина масовно се убиваат цивили

 

Само во вчерашниот напад врз зградата на општината во Луганск, загинаа 8 цивили од кои најголем број се жени.

Нападот го извршила украинската армија, кој нападнала и од воздух и од земја.

Медиумите од двете страни пренесуваат различни информации, обидувајќи се да ја претстават другата страна во „поцрно светло“.

Вистината е дека секој ден умираат цивили, а за релевантноста на тие информации сведочи и видео-снимката од поседниот напад во Луганск која кружи на интернет.

Прашањето останува: Дали и кој ќе одговара за цивилните жртви од Украина?

03.06.2014 - 18:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега