Кои скопски населби утре ќе бидат без струја?

Без струја од 9 до 15 часот утре ќе бидат жителите од улицата „Црногорска“ во општина Ѓорче Петров, како и корисниците од улиците „Волт Дизни“ и „Диме Мечето“ во општина Шуто Оризари.

Во истиот период без електрична енергија ќе останат и жителите од улиците 1,2,3, 4 и 5 во селото Грчец во општина Сарај. 

Од 7 до 8 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од селата Орман и Волково, аеродромот и терминал Стенковец и селата Долно и Горно Блаце, додека од 9 до 15:30 часот корисниците од Стар качанички пат ББ, фирмите КаргоТранс и Дексион. 

Во временскиот период од 09:30 до 10:30 часот без струја ќе останат корисниците од трговскиот центар на улицата „Босна и Херцеговина“, во општина Бутел, а од 9:30 до 14 часот објектите Синтекс, Европа 92, ЗИК Момин Поток.

Корисниците од улицата „Лазар Трповски“ и дел од улицата „Босна и Херцеговина“ ќе бидат без електрична енергија во периодот од 10 до 14 часот, а дел од селата Орман и Волково, аеродромот и терминалот Стенковец и селата Долно и Горно Блаце од 11:30 до 12:30 часот.

Од 13:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од трговскиот центар на улицата Босна и Херцеговина

03.06.2014 - 18:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа