Груевски:Нов оглас со цел привлекување на најквалитетните кадри
По 4 години верувам дека ќе имаме уште посилна поддршка од народот отколку на последните избори. Деновиве следува нов оглас за пројавување интерес со цел привлекување на најдобрите и најквалитетни кадри од земјата и дијаспората, вели премиерот Никола Груевски во интервјуто за МИА.
-Борбата против криминалот и корупцијата ќе биде немилосрдна, жестоко ќе се бориме да најдеме решение за многу нерешени прашања и тоа ден порано, ќе работиме уште повеќе отколку до сега. Гледам со години зборат дека ќе формирале влада во сенка. Абер немаат. Ако вака продолжат со одолговлекување, незвисно дали ќе бидат надвор од Парламентот или внатре во него, ќе размислиме ние, ВМРО-ДПМНЕ да направиме влада во сенка што би било многу невообичаено, но со вакви опозиционери, можеби и тоа ќе биде потребно. Деновиве следува нов оглас за пројавување интерес со цел привлекување на најдобрите и најквалитетни кадри од земјата и дијаспората, независно од нивната политичка, етничка или верска припадност, кои ќе треба да ги пополнат испрзнетите функционерски места или оние на кои им завршуваат мандатите до следната пролет. Ќе се засилиме со нова свежина со нови сили. Нема назад, само напред. Тоа е мојот план. Тој е многу поразличен од оној на СДСМ, вели Груевски за МИА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа