Средба Вељановски-Џеншун: Македонија и Кина имаат одлична билатерална соработка

 

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Република Македонија Вен Џеншун.  

Претседателот Вељаноски му посака добредојде и успешна работа во новиот мандат на амбасадорот Џеншун, а потоа двајцата соговорници се согласија дека Република Македонија и Народна Република Кина имаат одлична билатерална соработка, пријателски односи и изразија желба таквата соработка да продолжи и понатаму работејќи на нови проекти. На средбата се разговараше за досегашните успешни проекти остварени во соработка со претходните кинески амбасадори во Македонија, како проектите за изградба на автопатот Миладиновци - Штип и автопатот Кичево - Охрид, кои се реализираат преку соработка и поддршка на Владата на Народна Република Кина. Овие проекти, како што се наведува, претставуваат дополнителен стимул за продлабочување на соработката меѓу двете земји во сите сфери на заеднички интерес.

 

03.06.2014 - 15:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега