Практикантска работа за средношколци во ЕВН Македонија

Средношколците од електротехничките училишта овој месец ќе имаат можност да посетуваат практикантска работа во ЕВН Македонија.

Практикантската обука во ЕВН се организира вторпат. За разлика од мината година, кога во пилот-проектот беа вклучени учениците од електротехничкото училиште „Михајло Пупин“ од Скопје, годинава практикантска работа ќе посетуваат и ученици од средните училишта од Куманово, Гостивар и од Кочани.

Практикантите, како што информира ЕВН Македонија, ќе бидат менторирани од искусни професионалци во областа. За секој практикант е предвидена програма за учење, обука и работа која е во согласност и со наставната програма за практична настава на Центарот за стручно образование и обука на Република Македонија.

ЕВН Македонија соопшти дека постојано и долгорочно го поддржува образовниот процес и образовните институции, особено оние од електротехниката. 

03.06.2014 - 14:59
Фото: 
Скопјеинфо
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега