Од бришење шофершајбни на скопските раскрсници добро се заработува - еве колку е една „дневница“

 
„Дневно заработувам од 300 до 500 денари, понекогаш и повеќе, зависно од расположението на возачите. Некои се љубезни и не се противат да им ја исчистам шофершајбната, но има дрски или нервозни шофери, кои не бркаат со пцости и закани“. Вака едно од момчињата кое ги брише ветробранските стакла на скопските раскрсници ја почнува својата приказна за весникот Вечер.
На повеќето раскрсници во главниот град, најчесто на оние најфреквентните, голем дел од помладата ромска популација, ги заработуваат своите дневници така што ги бришат шофершајбните на автомобилите. Овие чистачи веќе долги години се дел од секојдневието на возачите, а за завршената работа добиваат повеќе или помалку, по 10 денари. Секој работен ден од 7 наутро па се до попладневните часови, тие се на раскрсниците и се трудат да заработат некој денар повеќе, за да можат да се прехранат и на семејствата да им однесат малку пари. Најчесто работат во групи на една одредена раскрсница и ја штитат својата територија и не дозволуваат нова група да дојде да им ја зема работата.
Целата приказна прочитајте ја на Вечер