Еве колку отпад исфрлил секој граѓанин минатата година

Секој граѓанин во земјава во текот на минатата година создал и исфрлил 384 килограми комунален отпад. Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, вкупната количина комунален отпад во 2013 година во земјава изнесува 554.938 тони и бележи намалување во однос на претходната година за еден отсто.

Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во скопскиот регион - 147.220 тони или 26,5 отсто од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 439.571 тони или 79 отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 21 отсто од правни и физички лица.

Вкупното количество создаден комунален отпад во Република Македонија, во 2013 година, изнесува 792.785 тони. Целокупното количество собран комунален отпад се отстранува на депонија и не се спроведуваат други операции за постапување со комуналниот отпад, покажуваат податоците од Статистика.

03.06.2014 - 13:16
Фото: 
економски.мк
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега