Ова е најлудото селфи досега- еве зошто

Познато ни е дека селфи фотографиите се вистински тренд во светот но оваа фотографија е навистина нешто посебно. Селфито на Ли Томсон многумина го нарекуваат најлудото селфи досега кое буквално го освои светот. Автопортретот на Томсон од врвот на статуата на Исус во Рио де Жанеиро истовремено е застрашувачки и фасцинантен, пишува Daily Mail.

 

„Ми беа потребни 20 минути за да се искачам по скалите што водат до статуата за да стигнам до срцето на Исус направено од прекрасни мозаици. Со помош на јаже дојдов до главата на статуата и внимателно го отворив отворот. Кога погледнав од него, бев фасциниран од панорамскиот поглед. Немам страв од висина, ниту страдам од клаустрофобија, но да се доживее акрофобија, клаустрофобија и воодушевување во исто време е навистина неверојатно“, раскажува Томсон кој заминал за Рио за да го гледа Светското првенство во Бразил.

Како резултат од неговата авантура светот доби нов хит на интернет. Фотографијата е направена на Статуата на Исус висока 39,6 метри, на надморска висина од 709 метри. Малкумина можат да се пофалат со вакви фотографии.

 

„Добив многу пораки од луѓе во Бразил кои признаваат дека отсекогаш сакале да го направат ова што јас го направив. Само неколку луѓе имале можност да го искусат моето доживување“, раскажува Ли.

03.06.2014 - 12:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега