Екстерно или враќање на системот кога оценките се добиваа со притисоци и моќта на родителите - за народот разликата е јасна

Од Министерството за образование реагираа на дискредитацијата на процесот на екстерното тестирање на учениците, односно за квалификациите на прашањата како нелогични и несоодветни за учениците на одредена возраст.

„Прашањата се изведени од учебниците, велат од министерството од каде жалат што ниту еден од медиумите коишто го оспоруваат и критикуваат екстерното тестирање не ја погледнал наставната програма со што јасно е намерата за вулгаризирање на прашањата и искривување на нивната суштина и значење.

Очигледен е фактот што за некои општествени чинители, многу поголема вредност имаше системот во деведесетите и пред тоа, кога оценките се добиваат со притисоци и закани врз наставничкиот кадар, чијшто општествен углед и достоинство на професијата беа сведени на минимум и системот во кој децата стекнуваа навики дека било која цел во животот може да се постигне благодарениа на моќта на родителите без личен влог на енергија, труд и време. 

03.06.2014 - 12:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега