Не чекаат избори за три месеци - еве што мислат експертите
Откако ќе се ицрпи целата листа, Собранието ќе има потполна слобода и обврска да распише нови избори, процедура која што може да заврши најмногу за три месеци, смета професорот по уставно право Светомир Шкариќ.
Според првиот човек на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов, и покрај тоа што правна разврска од моменталната ситуација има но политичките импликации се неминовни. Услови за избори има, и според Трајанов на истите најверојатно ќе учествуваат сите партии кои ќе сакаат да влезат во Парламентот, а кои на претходните избори не освоија доволно гласови за тоа.
Тито Петковски од НСДП вели дека и овие избори најверојатно ќе бидат оспорувани, а постојат многу непознаници околу една состојба со која за првпат се соочуваме.
„Бидејќи ние како граѓани веќе сме гласале и јас сум се определил за една политичка партија, бидејќи моделот е пропорционален имам еден глас, не можам два пати да излегувам на избори“, вели Петковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа