Џамбо се отвори: Глумев жртва - парите ги трошев на облека

Слободан Неделковиќ (26), попознат како Џамбо, на сослушувањето признал дека глумел жртва на поплавите во Обреновац и дека од луѓе и фирми земал пари.

Неделковиќ вчера беше сослушан пред обвинителството, а денес треба да биде изнесен пред истражен судија.

-Признавам дека целата моја приказна за сопругата и двегодишниот син ги измислив. Бев очаен, живеев како подстанар со двајца вујковци и баба. Ни самиот не знам како дојдов на таа идеја сето тоа да го измислам, но сакав на тој начин да добијам стан од државата. Дел од парите кои ги добив ги потрошив на облека. Оние кое ме препознаваа од медиумите, ме застануваа и ми даваа пари на рака, изјавил Неделковиќ на сослушувањето.

Тој во своето полициско досие веќе има кривична пријава за кражби и измами.

Утвредено е дека на сметката на Неделковиќ се уплатени 30.000 динари парични средства, а се истражува колку вкупно пари има добиено и кој ги донирал тие пари.

-Се сомневаме дека освен измама, тој крадел од поплавените станови и куќи во Обреновац. Многу е тешко да се соберат докази, па според нему најверојатно ќе му се суди само за измама, а точниот износ на хуманитарната помош ќе биде своевремено утвредн. Обвинителството ќе разгледа дали ќе поднесе пријава поради ширење страв и паника, со оглед на тоа што Неделковиќ се служеше со измислена приказна и носел немир преку злоупотребата и лажното представување пред медиумите, пренесува извор за Блиц.рс

На Неделковиќ му е продолжел притворот, а сите детали од обвинението ќе бидат објавени денес, пред истражниот судија.

 

 

03.06.2014 - 11:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа