Комплетирана новата македонска Влада - кои ќе бидат новите министри

 

На 5 дена пред истекот на последниот рок во која груевски на Собранието треба да му ја достави програмата на новата влада, двете најголеми партии во коализијцата молчат. Не се откриваат ниту имињата на новите министри, ниту пак позиционираноста во распределбата на ресорите иако веќе и официјално е потврдено дека преговорите околу програмата се готови, што практично значи дека распределбата на ресорите е чиста формалност. 
Во отсуствона официјални информации, партиски извори брифираат дека новата владата ќе биде речи си идентична како и последната, со таа разлика што ДУИ ќе го отстапи Министерството за одбрана, поради конфликтот кој си го создаде заглавувајќи на идејата за консензуален претседател.
Се очекува на местото кое до сега го држеше Талат Џафери да седне Генералниот секретар Емил Димитриев, кој до сега беше Заменик министер за одбрана, а во последниве неколку денови има и засилена активност во овој ресор.
Во замена за ова место, ВМРО-ДПМНЕ на ДУИ му го отспатпува најверојатно Министерството за труд и социјала иако од ДУИ го бараат образование или здравство.  При ваква ситуација, нема информации кој од кадрите на ДУИ ќе седне во оваа фотелја, ниту пак дали Диме Спасов ќе остане во Собрнаието, каде беше избран како пратнеик, или пак повторно ќе добие нова функција во извршната власт. 
Извесно станува дека нема да има рокади ниту во Министерството за внатрешни работи, каде Јанкуловска е на чело веќе 3 мандати. Иако извори не ја отфрлаат оваа можност, сепак, мали се шансите министерката за внатрешни работи да си замине од функцијата. Речи си сигурно е дека Ставрески останува на позицијата Министер за финансии и најверојатно повторно ќе добие и вицепремиерска позиција, а промени не се очекуваат ниту во секторите правда и култура. 
Иако се шпекулираше дека ДУИ ќе го отстапи Министерството за правда, станува извесно дека интегративците и во новиот мандат ќе раководат со овој ресор. Дали Беџети ќе остане во оваа фотелја или ќе се бара друг кадар, од ДУИ се уште нема информации. Единствено сигурно е дека Муса Џафери останува вицепремиер за спроведување на рамковниот договор, а вицепремиерската функција му се насмевнува и на Фатмир Бесими. 
Виси функцијата на Валјон Сараќини во Министерството за економија.

ДУИ веќе закажа Конгрес на 5 јуни на кој треба и официјално партијата да ги потврди министерските поизции и да и даде легитимитет на новата Влада. Од партијата брифираат дека токму на Конгресот ќе ги кажат имињата на новите министри.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека остануваат на ставот дека нема да изнесуваат детали од преговорите се додека тие не завршат.

 

 

03.06.2014 - 11:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега