Народен пратеник на сцената на МНТ
Претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Саша Габриќ вечерва ќе биде изведена на сцената на Македонскиот народен театар во рамки на Меѓународниот театарски фестивал кој трае од 25 мај до 5 јуни.
Главната улога ја толкува Борис Комнениќ, а покрај него ќе настапат и Радмила Живковиќ, Калина Ковачевиќ, Нада Мацанковиќ, Миленко Павлов, Олга Одановиќ, Бранислав Томашевиќ, Анастасиа Мандиќ, Димитрије Илиќ, Лепомир Ивковиќ, Предраг Милетиќ, Бранко Видаковиќ, Радован Миљаниќ, Саша Кузмановиќ, Иван Заблажански, Илија Павловиќ, Саша Антиќ, Емил Ахметовиќ, Стеван Штрбац и Бојан Пенчиќ.
Костимографијата е на Марина Меденица, а сценографијата на Борис Максимовиќ.
Режисерот Габриќ на прес-конференцијата по повод претставата изрази задоволство за поканата да учествуваат на фестивалот, а посебно затоа што Македонскиот народен театар е тесно поврзан со Бранислав Нушиќ.
- Нас ни е посебно драго што после премиерата во Белград, ја имаме првата реприза во Македонија. Македонскиот народен театар има голема поврзаност со Нушиќ и некако се поврза ова одбележување на 150 години од неговото раѓање според редоследот, истакна Габриќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа