Путин не планира да се сретне со Обама

 

Рускиот претседател Владимир Путин не планира да се сретне со американскиот претседател Барак Обама во рамките на посетата на Нормандија по повод 70-годишнината од Денот Д за време на Втората светска војна, соопшти денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

- Таа можност не е разгледана, изјави Песков.

Според Песков посетата на Нормандија рускиот претседател Владимир Путин ќе ја искористи за средба со британскиот премиер Дејвид Камерон.

Путин најпрво во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Франсоа Оланд, а потоа на 6 јуни ќе замине за Нормандија.

02.06.2014 - 21:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега