ФОТО: Вељаноски се сретна со амбасадорот на Велика Британија
Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Едмунд Гарет.
На средбата Вељаноски се осврна на проектите што во соработка со амбасадорите на Велика Британија и Северна Ирска се реализирани преку фондацијата „Вест Минстер“ и искажа подготвеност за одржување и продлабочување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.
Амбасадорот Гарет изрази подготвеност за поддршка на македонското Собрание при соочувањето со сите предизвици кои ги носи секојдневното функционирање на ова законодавно тело, како и за унапредување и продолжување на соработката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа