СДСМ бара да се укине екстерното тестирање

 

СДСМ бара да се укине екстерното тестирање што од денеска до 10 јуни се спроведува во основните и средните училишта во Македонија.

Партијата предлага екстерното тестирање да се замени со мерки за редовна евалуација на учениците, наставниците и училиштата преку стимулативни награди.

- По низата критики од речиси цела општествена јавност, Министерството за образование наместо да го намали, го зголеми стресот што најмногу се рефлектира врз учениците, велат од опозициската партија.

Според нив, матурантите кои ќе сакаат да студираат надвор од  државата, најдобро ќе го почувствуваат тоа.  Проблем ќе имаат и домашните универзитети, коишто, ако примат ученик со такво свидетелство, ќе се соочат со кршење на законот, се наведува во соопштението.

02.06.2014 - 15:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега