Ја убил гатачката бидејќи љубовницата го напуштила

 

68- гатачка од Германија, позната како Есмералда а чие вистинско име е Загорка Јовановиќ била повеќе пати избодена со нож од страна на Турчинот Метин Колкилич пред нејзиниот дом во Дизелдорф.

Знаејќи дека е суеверна, поранешниот партнер на Германката која по оваа врска почнала врска со Метин, ја поттикнал да ја посети Есмералда.

Гатачката  ја советувала Германката да го остави Метин и да му се врати на поранешниот партнер бидејќи ќе биле многу среќни заедно. Откако Германката му раскинала на Метин решила да му ја признае вистината и му рекла дека му се враќа на поранешниот партнер при што кажала дека тоа го прави по совет на Есмералда.

Метин веднаш отишол кај гатачката, и кога таа ја отворила вратата повеќе пати ја избодел со нож.

Есмералда во Дизелдорф стана позната откако доби многу познати клиенти меѓу кои и градоначалникот.

За едно гатање за судбината (специјалност и се љубовните врски) наплаќа по неколку стотини евра.

02.06.2014 - 15:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега