"Јас сум тој што те ограби"- ја ограбил па ја побарал за пријател на Фејсбук
Тој во полицијата изјавил дека го дознал нејзиното име кога во украдената чанта ја пронашол нејзината лична карта.
Неименувана жена пријавила во полиција дека човек со тетоважа во облик на триаголник на вратот ја ограбил додека чекала траект во државата Вашингтон.
Следниот ден, на својата Фејсбук страница затекнала барање за пријателство од непознат маж, по име Рајли Малинс. Ја погледнала неговата слика и се вџашила кога ја препознала неговата тетоважа.
Веднаш повикала полиција, па Малинс (28) бил уапсен. Тој во полицијата изјавил дека го дознал нејзиното име кога во украдената чанта ја пронашол нејзината лична карта и оти сакал да ја има меѓу пријателите затоа што му се допаднала како изгледа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа