МЗТ Скопје ја освои втората титула во кошаркаското првенство - пак пред празна сала

 

Аеродром вечерва слави. Кошаркаите на МЗТ Скопје ја освоија втората титула во домашното кошаркарско првенство.  Со победа над Кожув во четвртиот меч од финалната плејоф серија, МЗТ го задржува пехарот во Аеродром втора година по ред. 
На крајот резултатот на семафорот во салата во Гевгелија беше 89:93 за скопскиот тим за четврта победа во исто толку мечеви против Кожув
Мечот беше прекинат поради инциденти кои ги предизвикаа навивачите поради што салата беше испразнета. МЗТ титулата  ќе ја прими пред празни трибини, исто како и минатата година кога поради казна на навивачите во Кавадарци, аеродромци на титулата и се радуваа дури кога таа пристигна пред трговкиот центар Бисер.

најчитано сега