„Брз лав 14“ - контингент на АРМ на воена вежбаво Белгија

 

Контингент на Армијата на Република Македонија, кој е дел од борбената група на ЕУ за втората половина на оваа година, од денеска до 13 јуни во Белгија, ќе учествува на вежбата „Брз лав 14“.

Контингентот на АРМ во Брисел свечено ќе го пречекаат делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од министерот Талат Џафери заедно со високи претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на вооружените сили на Белгија.

На вежбата „Брз Лав“, првпат ќе се оценува оперативната способност на една борбена група, декларирана во рамките на ЕУ, а учеството на АРМ како дел од ЕУБГ 214-2 претставува силна потврда на интероперабилноста со армиите на земјите-членки на ЕУ и НАТО. 

Декларираната единица на АРМ денеска за Белгија ќе отпатува со специјален лет организиран со авион на Вооружените сили на Кралството Белгија. На чинот на испраќање на припадниците на АРМ на пистата на аеродромот „Александар Велики“ се очекува присуство на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.

02.06.2014 - 09:20
Фото: 
канал5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега