ФОТО: На "Величествениот" му дојде крајот
Официјално заврши снимањето на една од најгледаните турски серии на сите времиња, “Величествениот“ .
Последната епизода беше снимена завчера, по што целата екипа на серијата се забавувала до доцните часови во ноќта.
За оваа прилика актерите се почестиле со торта со ликот на Сулејман, а фановите на серијата едвај чекаат да го видат главниот актер Халит Ергенџ без брада, бидејќи откако почна снимањето Халит за потребите на серијата не ја бричеше брадата цела година.
Во последната епизода по смртта на Хурем, следуваат занимливни сцени од борбата на браќата Селим и Бајазит за престолот на нивниот татко.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа