Алан Форд прослави 45 години- беше популарен само во Југославија и Италија
Пред точно 45 години во Италија бше издаден првиот број на стрипот "Алан Форд " кој одамна во регионов се здоби со култен статус и има лојални фанови.
"Кој лета вреди, кој вреди лета, кој не лета, не вреди".
"Подобро нешто од нешто отколку ништо од ништо "
" Подобро да издадеш книга отколку пријател "
" Ако сакаме да победиме, несмееме да изгубиме "
" Подобро нечесно бегство отколку чесен пораз "
" Подобро е да се живее сто години како милионер, отколку седум дена во мизерија "
Ова се некои од легендарните изјави на тајните агенти на ТНТ групата која , како и нивните имиња се вкоренети во нашиот секојдневен говор.
Она што е најинтересно за овој стрип е тоа што беше популарен само во поранешна Југославија и Италија, и иако позната Цвеќара е сместена во Њујорк, стрипот никогаш небеше преведен на англиски јазик. Во Франција , Бразил , Данска и на други места не преживеа повеќе од неколку броеви, докажувајќи ја точноста на изреката на неговиот главен карактер, Број 1, дека "не е важно да се учествува, важно е да се победи."(И.)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа