Реченици кои ќе ви помогнат да ги согледате работите во животот од поинаква перспектива

 

Во продолжение можете да прочитате неколку реченици издвоени од lifehack, а кои даваат поинаква перспектива на работите од секојдневието.

 

1. Најдобрите работи во животот се бесплатни.

 

Во најголемиот дел се бориме за опстанок и времето претставува трка за пари. Меѓутоа размислете кога сте биле најсреќни? Ако подразмислите, тоа се сите оние моменти кои парите не ги купуваат како што е раѓањето на вашето дете, моментите со семејството, моментот кога ќе сфатите дека сте здрави.

2. За да ја пронајдеш сопствената среќа, треба да  престанеш да ја бараш.

Треба да направите многу чекори и да поработите на своите шанси за да стигнете до нивото да бидете среќни, меѓутоа трката по среќа прави да ја изгубите главата. Најчесто, најголемата среќа се случува во оние моменти за кои не сте ни сонувале. Ве погодуваат од никаде и на тој начин животот ви приредува пријатно изненадување.

3. Најдобрите идеи во животот доаѓаат кога размислувате за нешто сосема друго.

Опседнувањето со одредена идеја носи блокада. Прашајте ги само луѓето кои активно творат. Тие ќе ви кажат најдобро дека најдобрите идеи им дошле во моментот кога не се опседнувале со она што треба да го направат. Таков е случајот и со изумителите кои секогаш имаат интересна приказна за тоа како дошле до одреден пронајдок.

4. Колку повеќе задачи извршувате во исто време, толку помалку сработувате.

Мислите дека сте добри во мултитаскинг? Колку всушност сработувате кога правите неколку работи одеднаш? Кога се фокусирате на повеќе од една работа, тогаш само делумно ги завршувате задачите.

5. Колку повеќе се обидувате да ја контролирате ситуацијата, толку повеќе губите контрола.

Има типови на луѓе кои сакаат да го контролираат секој детаљ од нивниот живот. Обидот да се контролира сè, носи толкави стресови што на крајот ве остава пред нервен слом и комплетно ја губите контролата над себе.

 

6. Работите кои имаат моќ да нè инспирираат и мотивираат доаѓаат од неочекувани места.

Музика, филм, книги. Тоа се дел од работите кои влијаат позитивно врз луѓето и имаат моќ да ги инспирираат. Најчесто не ви треба човек од крв и месо за да ве крене на нозе, тоа го можете самите, само ви треба соодветната работа за инспирација.

7. Колку побрзо бегате од проблемите, толку побрзо ве стигнуваат.

Планирате да ја „здувнете“ со цел веќе да не се соочувате со истото секојдневие? Тоа не е решение. Секогаш ќе мислите на она што сте го оставиле зад себе, нерешено. Проблемите (најчесто) се во главата и не е важно каде се наоѓате и каде сте го испланирале бегството за да не се соочите со работите, тие секогаш ви се зад петици.

8. Ако сакате да најдете љубов, престанете да ја барате.

„Отидов на забава за да ја сретнам својата идна сопруга и ја најдов“. Сте чуле ли некој вака да ја објасни судбоносната средба? Веројатно секој во одреден момент од животот посакува токму тогаш да ја сретне љубовта на својот живот. Но, љубовта доаѓа сосема неочекувано. Најчесто ја среќавате на места на кои не сте очекувале.

9. Луѓето кои зборуваат многу, кажуваат малку.

Оние кои зборуваат премногу и се прегласни, најчесто не кажуваат ништо важно. Сето тоа е само израз на несигурност или потреба за внимание. Секогаш поголема почит добиваат оние кои знаат да молчат и зборуваат кога треба.

10. Колку повеќе сакаш времето побрзо да мине, толку повеќе се одолговлекува.

 

Сигурно има голем број ситуации на кои ќе се сетите во кои сте посакувале часовникот да забрза, но изгледа како да не мрда. Лекот – најдете барем една работа што ќе ви помогне да ги истуркате моментите.

Извор: Кајгана

01.06.2014 - 12:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега