Алфите со полни раце работа - еве колку лица привеле

 

Припадниците на Единицата за прв одговор и интервенија-Алфа во текот на минатиот при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 1374 лица, преглед на 229 возила, а по разни основи приведени се вкупно 400 лица.

 

И тоа по основ на телеграма - 45 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд –37 лица, под сомнение за извршено кривично дело –51 лице, по извршено кривично дело – деветмина, на лице место во вршење на кривично дело – 13, за издржување на казна затвор – 10 лица,  утврдување на идентитет – тројца, за држење недозволени предмети – осум лица, и странски државјани со нерегулиран престој во РМ – осумина.

 

Вкупно приведени лица по ЈРМ – 86, за учество во тепачка 27, физички напад – 9, нарушенјавен ред и мир – 50.

 

Биле приведени и 4 лица за поседување оружје и 81 кои биле фатени со дрога.

 

 

 

Вкупна дадена асистенција при вршење претрес на дом и други простории –  12 и пронајдени се: една голема кеса со НН растителна материја и 88 кесички со НН растителна материја; повеќе најлонски кеси со НН прашкаста материја;

 

- дадена асистенција на Министерство за транспорт и врски
- пронајдено и предадено ТМВ барано по телеграма
- пронајдени и предадени 4 ПМВ барани по телеграма
- предадено ТМВ на Шумска полиција натоварено со огревни дрва
- предадени 5 лица за нарушен ЈРМ (тепачка, физички напад и сл)
- пронајдено и предадено ПМВ предмет на извршено кривично дело.

 

Вкупно извршен спровод на 12 лица.

 

Предадени лица на сообраќајна патрола- 13.

01.06.2014 - 12:38
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега