Едвај спасила жива глава- глумела мртва и ѝ успеало

 

Оваа девојка е доказ дека приказната за која сите мислевме дека е само приказна всушност е вистина. Џесика Гамбоа (25) пораснала со приказните дека кога ќе ве нападне мечка најдобро е да глумите мртов. Кога во воената база на Алјаска налетала на мечка, имала прилика да ја испроба оваа теорија во пракса.

 

Станувало збор за мечка со две мечиња, која најпрво ја соборила Џесика, а потоа ја кренала и повторно ја фрлила на земја. Потоа неколку пати со своите шепи ја допрела, додека Џесика целото време лежела без да пушти глас со што успеала да си го спаси животот.

"Не можам да верувам дека токму тоа ми се случи", вели Гамбоа во интервјуто кое го снимила и објавила војската на САД.

"Се ми изгледа нереално, дури и самиот факт дека сум жива", вели таа.

Џесика Гамбоа инаку живее во Сакраменто во Калифорнија, а во воената база била со својот сопруг.

Џесика  имала повреди на вратот, рацете и нозете, повредено уво и фрактура на вратот.

 

Марк Слеџ, експерт за зачувување на природата во воениот логор, изјавил дека ова е втор случај на "блиска средба" со мечка во поново време. Во претходниот случај, деца се обидувале да глумат мртви, меѓутоа Слеџ вели дека тоа било погрешно, бидејќи мечката се' уште не ги нападнала. Кога мечката им пришла на "мртвите" деца, тие почнале да врискаат, а животното за среќа, побегнало.

Гамбоа во својот случај постапила правилно. Мечката која реагирала агресивно поради своите младенчиња, видела дека Џесика не е никаква опасност.

01.06.2014 - 11:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега