Откриено кој го следел синот на Северина

 

Полицијата привела едно од лицата кои го следеа синчето на Северина поради што убавата пејачка беше во паника, пишуваат хрватските медиуми.

- Мажот чиј идентитет  не сакаме да го откриеме го испрашуваа полициски службеници, а  потоа го пуштија на  слобода, открива извор за хрватскиот “Jutarnji list”.

Неговиот соучесник сеуште не е  откриен, а приведениот тврдел дека случајно се нашол на местото затоа што често шета на таа улица. Испитаникот  воедно е поранешен полициски службеник.

01.06.2014 - 10:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега