Стевче Јакимовски во среда ќе промовира нова партија

Градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски во среда ќе ја промовира новата партија, дознава Пресс24.

Според неофицијалните најави, партијата на Јакимовски ќе биде од мултиетнички карактер па според тоа, на промоцијата ќе се зборува на најмалку 3 јазика.

Не е познато дали има звучни имиња меѓу идните сопратијци на Јакимовски но тој очекува да му се придружат незадоволните и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ и тоа не само од Скопје туку од цела Македонија.

Јакимовски беше претседател на Градската организација на СДСМ пред да одлучи да поднесе самостојна кандидатура за градоначалник по што беше исклучен од партијата. Според извори на Пресс24 до сега се исклучени 500 членови на СДСМ само од општина Карпош „благодарение“ на нивната блискост со градоначалникот Јакимовски.

 

најчитано сега