Македонските ракометарки во „групата на смртта“ за квалификациите за ЕП 2014

 Женската ракометна репрезентација на Македонија, доби тешки противници во квалификациите за Европското првенство кое во 2014-година ќе се одржи во Хрватска и Унгарија.

На извлекувањето кое се одржа во Веспрем Арена во Унгарија, селекцијата на Македонија се најде во групата 7 во конкуренција на Германија и Русија.

Квалификациите ќе се играат во три периоди, а првите натпревари нашата репрезентација ќе ги игра во периодот од 23 до 27 октомври годинава, против Русија прво на гостински, а потоа и на домашен терен.

Инаку пласман на Европското првенство кое ќе започне на 7 декември 2014 година, ќе обезбедат двете првопласирани селекции од секоја група.