Се задушиле во септичка јама обидувајќи се да извадат мобилен

 

Двајца членови на едно кинеско семејство се задушиле, а четворица завршиле на болничко лекување откако се спуштиле во септичка јама обидувајќи се од неа да извлечат нов паметен телефон, пишуваат локалните медиуми.

На една млада жена од село во централна Кина, новиот смартфон кој чини 2.000 кинески јуани, или 240 евра, ѝ паднал во нужникот, пишува порталот Dahe од покраината Хенан.

 

Нејзиниот маж се спуштил во септичката јама, но загубил свест поради испарувањата. На помош му притекнала неговата мајка, но и таа набрзо се онесвестила. По нив тогаш тргнале сопственичката на паметниот телефон и нејзиниот свекор, а на помош им дошле уште двајца соседи. Сите тие по неколку минути се почувствувале лошо, а од јамата соселаните ги извлекле со јажиња.

За мажот и свекрвата на сопственичката на мобилниот телефон немало спас, а другите се пренесени во болница, пренесува AFP.

31.05.2014 - 13:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега