Активиран вулкан- затворен аеродромот „Дарвин“ во Австралија

Авионските летови од и до австралискиот аеродром Дарвин денеска се откажани поради активирање на вулкан на индонезискиот остров Сангеан.

Метеоролошката служба соопшти дека вулканска пепел се движи во правец југ-исток, загрозувајќи го северниот дел на Австралија.

Двете најголеми австралиски авиокомпании Квонтас и Вирџинија соопштија дека летовите од и до аеродромот Дарвин ќе бидат откажани додека не се обезбедат сигурни услови.

31.05.2014 - 12:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега