Државната матура започна навреме - еве ги деталите

 

Процесот на полагање државна матура започна утрово и се одвива според предвиденото, без какви било пречки или застој во целата држава, информираа денеска Мируше Амети, директор на Државниот испитен центар и претседателката на Државниот матурски одбор Весна Хорватовиќ по посетата на СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.  

- Тука сме во „Корчагин“ за да видиме како почна процесот на полагање на државната матура со првиот испит - мајчин јазик. Одбравме да дојдеме во гимназијата, која седум години наназад покажа едни од најдобрите резултати на државната матура. Можеме да кажеме дека се се одвива како што е предвидено, не само во оваа гимназија, туку и во сите средни училишта во нашата држава. Испитниот материјал е дистрибуиран навреме, сите тестатори и набљудувачи се на своите позиции и учениците со најголема концентрација и внимание го решаваат тестот, рече Хорватовиќ.

Испитот по мајчин јазик што денеска се полага трае 240 минути. Секој ученик има право во овие минути да го решава тестот. Тестот се состои во пишување есеј, кој треба да изнесува од 300 до 500 зборови. Есејот е на тема од материјалот што се учи или имаат можност да пишуваат на тема која е слободно зададена, имаат прашања повеќечлен избор и прашање со надополнување. Другите испити имаат различна минутажа. Значи, само мајчините јазици македонски, албански и турски се полагаат во 240 минути. Предметите математика на основно и напредно ниво, како и странските јазици англиски, француски, германски и руски, естетика и филозофија се полагаат со 180 минути, а останатите предмети кои оваа година како новитет се предизборен предмет се полагаат по 2,5 часа, рече Хорватовиќ.

Директорот на „Корчагин“ Јордан Лукаревски подвлече дека дека досега седум години е најдобра гимназија по резултати од државна матура.

- Подготовките беа навреме преземени од целата екипа што е задолжена за спроведување на матурата и се надеваме дека резултатите на нашите матуранти оваа година ќе бидат добри. Тестаторите се од други училишта според Програмата на Државниот испитен центар, кои тоа го регулираат. „Корчагин“ има вкупно 245 матуранти, вели Лукаревски.

На 11 јуни матурантите ќе полагаат англиски, француски, германски или руски јазик, на 13 јуни математика, естетика и филозофија, а на 16 јуни испитите по хемија, физика, биологија, историја и бизнис.

 

 

31.05.2014 - 12:06
Фото: 
струмицаденес
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега