Сиријци ограбиле вработена во македонското МВР

Единицата за општ криминал – Одделение за имотни деликти со елементи на насилство - Отсек за дрски и разбојнички кражби, до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава ги предаде 18-годишниот З.И. и 30-годишниот М.Е.А. од Сирија и двајцата со место на привремен престој во Скопје - Прифатен Центар за Азил Визбегово, поради основано сомнение дека извршиле едно кривично дело – “тешка кражба на дрзок начин“.

Пред три дена во 20 часот на булеварот “ВМРО“ од вработена во Министерството за внатрешни работи, одзеле женска ташна во која имало паричник со лични документи, кредитни картички, пари и две службени картици од кои едната картичка - сертификат за пристап до строго доверливи информации и службена легитимација од МВР на РМ, како и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 10.000 денари.

Пријавените кривичното дело го  извршиле на тој начин што и се приближиле на оштетената додека таа  била во службено возило марка „Поло“ на паркингот пред зградата на Т-Мобиле, при што второпријавениот М.Е.А. и го отргнувал вниманието на оштетената поставувајќи и разни прашања, а првопријавениот З.И. насилно, со употреба на физичка сила и ја грабнал ташната од рацете на оштетената која седела на возачкото седиште во возилото по што заедно со второпријавениот се дале  во бегство во непознат правец.

Непосредно по извршувањето на кривичното дело од страна на полициски службеници од АЛФА на бул.„ВМРО“ извршено е легитимирање врз второпријавениот М.Е.А. при што е лишен од слобода и приведен во ПС од ОН “Центар“, додека првопријавениот се дал во бегство во непознат правец. Во ПС ОН „Бит Пазар“ извршено е класично, непосредно препознавање каде оштетената го препознала второпријавениот како сторител на кривичното дело – “тешка кражба на дрзок начин“.

31.05.2014 - 11:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега