„Македонија им чита на децата“

 

Амбасадата на Република Полска и издавачката куќа „Култура” денеска организираат акција „Македонија им чита на децата“.

Целта на акцијата е да ги промовираат универзалните вредности како што се читањето книги на децата и воедно да се поттикнат најмаладите генерации да ја засакаат книгата и да створат навика за читање.

На акцијата ќе учествуваат деца од „Детското село СОС” и од здружението „Дајте ни крилја”, кои ќе се дружат со сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова и со сопругата на амбасадорот на  Полска во Македонија, Кинга Мултановска- Нетман. 

31.05.2014 - 10:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега