„Грција во состојба на војна со Македонија“

 Не треба да им се дозволи на Албанците, на Македонците и на Турците да бидат дел од грчката армија, бараат пензионирани грчки старешини и војници.

Тие апелираат и за укинување на Законот за образование донесен во 2011 година, со кој се дозволува на лицата кои имаат грчко државјанство да може да се школуваат во грчките воени училишта.

Според поранешните припадници на грчкта армија, законот е во спротивност со член 4 и 110 од Уставот на земјата.

- Во правилникот на Министертото за одбрана да се прецизира државјани на Албанија, на Македонија и на Турција , земји кои имаат територијални претензии кон Грција, да не се примаат на воените школи во Грција и ако имаат, но иако немаат грчко државјанство, се наведува во барањето.

Поранешните војници наведуваат дека со овие држави Грција е во состојба на војна поради територијалните претензии, а добивањето грчко државјанство не подразбира и добивање грчка националност.

Според нив доколку Грција влезе во воен конфликт со некоја странска земја, овие старешини ќе дезертираат од грчката армија и ќе преминат на страната на армијата на нивната матична земја