МОН: Промени во апликативниот софтвер за екстерното за заштита лични податоци
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар во целост ги прифаќаат укажувањата на Дирекцијата за заштита на личните податоци во врска со содржината на распоредите за екстерното тестирање коишто се објавуваат во училиштата и на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, се вели во соопштението од Министерството.
Оттаму информираа дека веќе е пристапено кон промена и соодветно прилагодување на апликативниот софтвер од интегрираниот информатички систем за електронско тестирање, со цел да се изврши корекција на распоредите коишто се генерираат за процесот на екстерното тестирање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа