Фејсбук постојано ќе не прислушкува - еве како!

Фејсбук неодамна објави дека наскоро ќе исфрли нова опција во неговата примена преку која ќе може да се слушаат нашите разговори во околината во која живееме и тоа преку микрофон. Компанијата вели дека ваквата опција ќе биде безопасна како што се на пример идентификувањето на песните, но со оглед дека апликацијата ќе користи микрофон секој пат кога ќе сакате да напишете статус, тие ќе бидат во можност да прислушкуваат речиси се.

Не само што ова се чини гадно во секој поглед, но исто така е неверојатна закана за нашата приватност. Добрата работа во врска со сето ова се чини дека можноста да се исклучи, но повеќето корисници нема да имаат поим за што се работи, па веројатно истата ќе биде постојано активна. На интернет се повеќе луѓе се приклучуваат на Facebook, но дали навистина можеме да им веруваме? Меѓу останатото, Facebook пред неколку месеци беше жестоко осудуван од страна на јавноста затоа што соработувал со НСА и учествувал во прислушкување која оваа агенција го спроведува. Поради ова на нејзиното конто легнувале милиони долари, иако нејзиниот основач Марк Закерберг ги демантираше ваквите обвинувања.

 

 

30.05.2014 - 20:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега