ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидуваат да ја вовлечат државата во калта во која пропаднаа
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјавуваат дека СДСМ и нивното највисоко раководство очигледно дека се изгубени во просторот. Тие сеуште неможат да ја прифатат реалноста дека граѓаните ги поразија на избори нивните погубни политики.
- Затоа сега СДСМ се обидуваат да ја вовлечат целата држава во калта во која самите пропаднаа. Подготвени се поради желбата на Зоран Заев, Бранко Црвенковски и Радмила Шекеринска, директно да и направат штета на Македонија со несогледливи последици, а згора на тоа сакаат да земаат плати и апанажи од парите на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е јасен доказ дека СДСМ води лицемерна политика, единствено во интерес на нивното највисоко партиско раководство, додаваат од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа