ФОТО: Катерина Ивановска во врска со познат кошаркар

Познатата манекенка Катерина Ивановска е во врска со 33- годишниот кошаркар Александар Димитровски-Мачка, пишува порталот Убавина и здравје.

Дека се заедно најдобро се забележува на нивните фејсбук-профили, каде може да се видат нивни заеднички фотографии.  Пријателите велат дека ретко можат да отидат со Мачка на кафе. Она малку слободно време што го има го поминувал со Катарина. Двете заљубени гулапчиња се почесто можат заедно да се видат низ скопските кафулиња, а често го посетуваат и ноќниот клуб “Станица 26“. Неретко двајцата може да ги видите и на спортските натпревари на ракоментиот клуб Вардар и кошаркарскиот клуб Работнички за кои два клуба тие двајца навиваат.

30.05.2014 - 12:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега